Меѓународен конгрес за канонско право

Меѓународен конгрес за канонско право

Папата Фрањо испрати порака до учесниците на XVI. Меѓународен конгрес за канонско право кој овие денови се одржува во Рим, а кој е организиран по повод 100 годишнината од прогласувањето на првиот Законик на канонското право, на 12 мај 1917 година.

Светиот Отец спомнатата средба ја гледа како поволна можност за размислување за вистинската правна формација во Црквата, која ја сфаќа пасторалната природа на канонското право, неговата важност за спасението на душите, и која го нагласува почитувањето на крепоста праведност, а што Црквата треба да ја потврди и загарантира.

Спомнувајќи ги своите претходници папата Бенедикт XVI и свети Иван Павле II, папата Фрањо го повтори повикот на љубов кон канонското право во светлината на изреката „nulla est caritas sine iustitia“ – „нема љубов без правда“. Ја истакна и важноста за постојано усогласување на канонското право со соборската еклезиологија. Папата исто така изрази надеж дека канонското право ќе стане „оружје“ кое ќе го олесни „долгорочното прифаќање“ на Вториот ватикански собор. Притоа важни точки му се колегијалноста, синодалноста, поголема одговорност за месниците Цркви, како и соодговорноста на сите верници за посланието на Црквата.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот