Месечната молитвена накана на епископот Стојанов за месец декември 2023 година е посветена на човековите права – да се почитува животот на неродените деца, а гласи:
Не може да се застапуваме за човековите права,
ако не се почитува основното право на човекот,
правото на живот,
од зачнувањето па сѐ до природната смрт.
Секој човечки живот е создаден според Божјиот образ и подобие,
секој живот е Божјо ремек дело.
Да молиме
мајките, татковците, семејствата, лекарите, владите
и сите луѓе да бидат свесни за светоста на животот
и да се стават во одбрана и заштита на човечкиот живот,
посебно на оние во утробата на своите мајки.
к.мк