Месечна молитвена накана на епископот Стојанов за септември 2024

Месечна молитвена накана на епископот Стојанов за септември 2024

Месечната молитвена накана на епископот Стојанов за септември 2024 е посветена на татковината

Ние христијаните имаме две татковини: земска и небесна. Затоа можеме да кажеме дека сме на пат, како на едно постојано ходочестие и тоа од оваа наша земна татковина кон небесната. Првата ни е потребна затоа што во неа сме родени за небесната слава, израснати и поучени во верата Христова и нѐ подготвува за идната средба со нашиот Господ и Спасител. Во оваа наша татковина од генерација на генерација се пренесува верата и продолжува низ предизвиците на сегашноста да нѐ упатува кон небесната слава.

Затоа ве повикувам во овој месец да молиме за нашата таковина, за политичарите и сите оние кои вршат јавна функција. Господ Бог нека ги обдари со мудрост за да донесуваат закони кои ќе го штитат човечкото достоинство и ќе овозможат во мир и хармонија да се слави Господ и непречено да се пренесуваат од генерација на генерација христијанските вредности и погледи на светот. Дади им Господи храброст да се спротивстават на сѐ она што го навредува Бога и неговиот план за човекот.

Да го молиме Господ да ја зачува нашата таковина од секаков напад на злото и да биде поштедена од природни катастрофи и несреќи.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот