Покрај парохиската црква свети пророк Илија во Радово омилени места за молитва се и двете капели, посветени на Марија од Назарет и Мајка Тереза.
„Ако минатата година велевме дека е последна Мајска набожност во капелата која е посветена на Мајка Тереза – Блажена, ете оваа година, служиме во капелата на Света Мајка Тереза, беа најизустените зборови пред и после саботната Мајска набожност (сабота 20 мај 2017)“.
Парохот д-р Зоран И. Стојанов, кој го предводеше Молебенот во чест на Пречиста Дева Марија, нагласи дека: „Мајка Тереза, е пример на жена која секогаш плени. Таа зборовите Христови: ‘Возљуби го својот ближен како себеси!’ ги сфатила и применувала доследно, затоа и е Голема и Света…“ Отец Зоран повика на љубов кон себе самите, кон ближниот, односно кон своите родители, деца, брачен другар, браќа, сестри, роднини… „тогаш нашата љубов ќе биде целосна и кон Господ Бог, а и нашите молби и прозби кон нашата Небесна Мајка искрени и мили…“
Мајската набожност е омилена молитва во Радово затоа бројни се верниците кои секој ден доаѓаат на заедничката молитва во парохиската црква свети пророк Илија.
Наталија Стојанова/к.мк