Мајка Тереза: Лек за отуѓување
Кога Исус зборува за глад, не мисли само на телесната глад, туку и на гладта за љубов, разбирање и топлина. И тој го искуси чувството на отфрленост. Знае што значи да се биде осамен, одбиен и никаде да не припаѓа.
Во денешното општество овој вид на глад е многу распространета и уништува многу животи, домови и држави. Да не се поседува, не значи само да се нема кров над главата, туку да немаш никој кој те разбира и кој се однесува кон тебе со благост. Станува збор за отуѓување во кое гласно се копнее за човек подготвен да го отвори своето срце и врата на осамениот, без дом и без љубов.
Должници на сиромашните
Нашиот живот во сиромаштво е потребан исто како и работата. Дури во небото ќе видиме колку должиме на сиромашните што ни дозволуваат преку нив да го љубиме Бог.
Без страв од срозување
Нашето строго сиромаштво е наша одбрана. Не сакаме, како други редови во историјата, да започнеме да служиме на сиромашните и нечујно да преминеме во служба на богатите. Мораме да живееме како нив. Разликата меѓу нив и нас е во тоа што нашите сиромашни се присилно сиромашни, додека ние тоа своеволно го бираме. Во институциите, кои верно го применуваат заветот на сиромаштво живеат горливи верници без страв од декаденција.
к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк