Од 18-20 мај 2018 година Радио Марија Македонија ќе одржи Маријатон, иницијатива на солидарност во семејството на Радио Марија, која оваа година се одвива со мотото „Радост за евангелизација“.
Во овие денови програмата на Радио Марија Македонија ќе биде во прилог на Маријатон 2018 и ќе започне во петок 18 мај 2018 година со Света Литургија во просториите на радиото. Истиот ден во програмата ќе следуваат повеќе разговори со гости, а сето тоа ќе биде проследено со молитви и духовни песни.
Во сабота 19 мај 2018 година во парохиската црква „Свети Иван Крстител“ – Струмица со почеток од 8.00 часот ќе се одржи Молитвен Маријатон, кој ќе трае до 18.00 часот. Истиот ден пред НУ „Спомен куќа Мајка Тереза“ во Скопје од 10.00 – 14.00 часот ќе биде поставен штанд со информативен материјал.
Во недела 20 мај 2018 волонтери на Радио Марија Македонија со штанд и кутии за донации ќе бидат присутни во Катедралните цркви „Пресвето Срце Исусово“ – Скопје и „Успение на Пресвета Богородица“ – Струмица. Во попладневните часови волонтерите на Радио Марија Македонија ќе бидат присутни и во Паљурци.
к.мк