Маријаполи на Пониква

Маријаполи на Пониква

Во сабота на 2 јули на Пониква, Движењето на Фоколарите или Марииното Дело организира годишна летна средба, т.н. Мариjаполи, со мото „На пат кон Бога, сите заедно“. Програмата вклучува духовна мисла, Света Литургија, еколошка прошетка, групни средби за семејства и деца, спортски игри…

Маријаполи или Градот на Марија е името на неколкудневните летни дружења кои датираат од првите години на Движењето, поточно од 1949 година.

Во Доломитите, планини во близина на Тренто, родниот град на основоположничката Кјара Лубик, која порестојувала таму неколку дена со група своји пријателки, доживеала уникатно духовно искуство.

И така со текот на годините, тие ја повторуваа оваа средба и таа стана место за собирање на илјадници луѓе од различни делови на Италија, а потоа и од други земји.

Со текот на годините, Маријаполи се прошири и во други земји низ светот. Тие и во Македонија се одржуваат од 2000 година.

Тука заедно се среќаваат заедно млади и постари, семејства и посветени луѓе, а акцентот е ставен на. живеење на Словото за живот – Словото Божјо кое раѓа братска заедница во која се споделуваат радости и болки, но и различни потреби.

За сите информации и пријавување можете да се обратите на телефонските броеви +389 2 2736 590, +389 72 224 120, како и на електронската пошта: uno.mak@t-home.mk

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот