Продолжува кампањата „Да го споделиме патувањето“, која на поттик на папата Фрањо минатата есен ја започна мрежата на Каритас проширена по целиот свет.
Во текот на неделата на Глобалната акција од 17 до 24 јуни 2018 година во која на 20 јуни се одбележува Светскиот ден на мигранти се настојува да се покрене глобален бран на солидарност во кој заедниците подготвуваат активности и настани со мигрантите и бегалците.
Македонски Каритас од самите почетоци е вклучен во директната помош на мигрантите и бегалците кои транзитираа низ Македонија во облик на топли оброци, а во текот не неделата вработените од Македонски Каритас ќе руча заедно со мигрантите во ТЦ Табановце.
Кампањата „Да го споделиме патувањето“ има за цел да ги потцрта иницијативите и моментите на средби кои го изградуваат човечкото семејство. Кампањата цели и на тоа да се даде можност за изградба на повеќе врски во ланецот на солидарност: да се создадат моменти на средби, взаемна помош и размена помеѓу домаќините и мигрантите, како би се препознале лицето и срцето надминувајќи ја секоја граница. Во оваа недела на Глобалната акција на делување се предлага организирање на заеднички оброк со мигрантите и бегалците. Милиони оброци кои материјално ќе се делат, а потоа по пат на социјалните мрежи ќе се сподели, се сака да се посведочи кршењето на лебот, симбол на единството на човечкото семејство и братското заедништво кон чие остварување сака во своето послание да придонесе и мрежата на Каритас семејството.
„Кога сме великодушни во прифаќањето на луѓето и со нив нешто споделуваме – оброк, место во нашиот дом, нашето време – не само што не стануваме сиромашни, туку сме збогатени“ – папа Фрањо.
к.мк