Папата Фрањо: Посетата на гробовите на светите Петар и Павле нека ја зајакне верата на поклониците

Папата Фрањо: Посетата на гробовите на светите Петар и Павле нека ја зајакне верата на поклониците

На празникот на светите Петар и Павле во Рим, традиционално во посета доаѓаат претставници на Цариградскиот екуменски патријархат. Оваа година тоа не беше можно заради пандемијата, напомена папата Фрањо по молитвата Ангел Господов на празникот свети Петар и Павле на 29 јуни 2020 година на плоштадот Свети Петар.

После молитвата Ангел Господов Папата посебни поздрави упати до римјаните и сите кои живеат во тој град, за денешниот празник, нивните заштитници, апостолите Петар и Павле. Да се молиме преку нивното застапништво секој човек во Рим да може да живее достоинствено и да се сретне со радосно сведочење на Евангелието – рече Папата.

Потсетувајќи дека на овој празник во Рим традиционално доаѓаат претставници од Цариградскиот екуменски патријархат, папата Фрањо истакна дека оваа година тоа не било можно заради пандемијата. Затоа испраќам духовна прегратка на саканиот брат патријархот Вартоломеј, со надеж дека што поскоро ќе се продолжи со взаемните посети – истакна папата Фрањо пред присутните поклоници и посака посетата на гробовите на светите Петар и Павле да ја зајакне нивната вера и нивното сведоштво.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот