Македонија е со Папата во Сараево

Два автобуса со околу 100 верници од Македонија во раните утрински часови во петок 5 јуни се упатија кон Сараево на средба со Светиот Отец, кој на 6 јуни престојува во главниот град на Босна и Херцеговина. Поклоничката група од Апостолскиот егзархат е предводена од о. Гоце Костов и о. Димитар Ташев, а групата од Скопската бискупија ја предводи дон Давор Топиќ. Во поклоничката група од Македонија има верници од повеќе места и парохии во Македонија.

Повеќе од 70 илјади луѓе ќе присуствуваат на Литургијата, која папата Фрањо ја служеше на стадионот Кошево во Сараево и претставува еден од најголемите моменти од папската посета на Босна и Херцеговина.

Заедно со Папата на олтарот ќе концелебрираат повеќе од 30 епископи и над 1000 свештеници, не само од Босна и Херцеговина, туку и од Хрватска, Македонија и Србија, а на Литургијата ќе пее хор од 1700 хористи.

Посетата на папата Фрањо на Босна и Херцеговина се одива под мотото: „Мир на вас!“

Ова е 11-то патување на папата Фрањо, а осмо меѓународно, во текот на нешто повеќе од две години од неговиот Понтификат. Ова еднодневно патување, преполно со настани беше обележено под мотото „Мир на вас“.

Станува збор за патување кое папата Фрањо го најави ненадејно, за време на попладневниот наговор на 1 февруари, повикувајќи на молитва за да ова патување би го поттикнал квасецот на добрината и би придонел за зајакнувањето на братството и мирот, како и за меѓурелигискиот дијалог и пријателство.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот