Папата Фрањо како супер херој, кој полетува за да му ги донесе на светот христијанските вредности. Станува збор за „Суперпапа“, дело на римскиот уметник Мауро Палоте, познат како Маупал, графит кој прв пат се појави 2014 година, на ѕидот од една зграда во малата улица Борџо Пио, во блзина на Ватикан, која веднаш беше избришана. Денес таа слика стана официјален симболички знак на иницијативата наменета за финансирање на Петровата паричка, односно за Папските каритативни дела.
Со печатењето на сликата е направена официјална маица која се продава на интернет страницата www.superpope.it, а дел од приходите е наменет за Папските каритативни дела. На позадината од маицата се отпечатени неколку реченици од папата Фрањо, од кои првиот е посветен на милосрдието: „Милосрдието е Божја карактеристика. Тоа е името Божјо – истакна монс. Вигано, раководителот на Секретаријатот за комуникација
Маицата е претставена на јавноста по повод Ромиско, односно Фестивал на стрипот во Рим.
Раководителот на секретаријатот за комуникација на Ватикан, објасни дека папата Фрањо од самиот почеток се претстави како пастир, како водач, на кој му е потребна молитвата на неговиот народ. Тој веднаш се одлучи за близина со луѓето – истакна монс. Виагано.
Освен тоа не треба да се заборави како папата Фрањо често истакнува дека намуртеното лице не може да биде христијанско, бидејќи Исус го спаси светот. Ако го следи белегот на милоста, која ја примил како дар, не може, а да не знае дека проблемите со кои се соочува го немаат последниот збор, дека не се најважни искуствата во животот. Мора да знае дека зад облаците се наоѓа сонцето кое сјае. Човештвото обележано со Божјата милост е секогаш радосно – истакна на крајот монс. Вигано.
РВ/к.мк