Ломбарди: Папата не извршил егзорцизам

Ватикан, 21.5.2013 /к.мк/ – На прашање од новинарите Света Столица јасно изјави дека Папата Фрањо во неделата 19 мај по завршувањето на светата Литургија нема направено егзорцизам. Гласноговорникот на Светата Столица, патер Ломбарди во својот одговор ги демантираше италијанските медиуми кои молитвата на Папата врз еден верник ја претставија како јавен егзорцизам.

Патер Ломбарди изјави: Во никој случај Папата немаше намера да изврши егзорцизам. Папата направи како што прави обично со болните и оние кои страдаат: тие му се преставуваат, а тој се моли за нивно здравје.

Емисијата Ваде Ретро на телевизија ТВ 2000 се обрати до егзорцисти, при што објаснуваат дека полагањето на рацете и изразот на лицето на Папата за време на молитвата даваат јасни показатели дека се работи за егзорцизам. На оваа тема наредниот петок ќе биде посветена цела емисија. (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<