Ломбарди одговори на статијата во списанието Ролинг Стон: Површно новинарство

Патер Федерико Ломбарди директор на Канцеларијата за печат на Светата Столица упати остра критика на неодамнешната статија за папата Фрањо во списанието Ролинг Стон. Светиот Отец вчера се најде на насловната страница на списанието.

Признавајќи дека појавата на Светиот Отец на насловната страна покажува интерес од различни средини, патер Ломбарди го осуди негативното прикажување на понтификатот на почесниот папа Бенедикт XVI, велејќи дека статијата го дисквалификува сериозното новинарство.

„За жал, статијата се дисквалификува самата себе, паѓа на обична грешка на површно новинарство, за да ги нагласи позитивните аспекти на папата Фрањо, мисли дека треба на негативен начин да го опише понтификатот на папата Бенедикт, и тоа го прави со изненадувачка суровост, вели во изјавата патер Ломбарди.

Статијата е напишана од Марк Бинели, критикувајќи го понтификатот на Бенедик го нарекува  „катастрофален“ дури оди до таму што го критикува дури и физикиот изглед на почесниот папа.

„Каков срам“ изјави патер Ломбарди. „Тоа не е начин да се направи добра услуга на папата Фрањо кој знае могу добро што му должи Црквата на неговиот претходник.

Зенит/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот