Објавен е распоредот на литургиските славења кои ќе ги предводи Папата во декември и јануари
Светиот Отец ќе ја предводи полноќната света Литургија на 24 декември со почеток во 19.30 часот во ватиканската базилика Свети Петар. На Божиќ, 25 декември, Римскиот бискуп напладне ќе го упати благословот Urbi et Orbi од централната ложа на базиликата Свети Петар.
На последниот ден од годината, 31 декември, во 17.00 часот – исто така во базиликата Свети Петар – ќе ја предводи Првата Вечерна и Те Деум како благодарност за 2023 година.
Во понеделник, 1 јануари, кога Црквата го прославува и 57. Светски ден на мирот, папата Фрањо ќе служи света Литургија на празникот Пресвета Богородица во ватиканската базилика Свети Петар со почеток во 10.00 часот.
На празникот Богојавление 6 јануари, Папата ќе служи Света Литургија во 10.00 часот. Следниот ден, 7 јануари, ќе ја предводи светата Литургија во 9.30 часот во Сикстинската капела на празникот Крштевањето Господово, при што ќе крсти некои деца.
Ватикан њуз/к.мк