Во текот на првиот месец од епидемијата од ебола во Северен Киву во демократска Република Конго, „Лекари без граници“ згрижиле 65 заболени. „Неможеме да го намалиме надзорот додека епидемијата не заврши,“ рече Бернгере Гуис координатор на итната служба на таа организација во градот Бени.
„Лекари без граници“ згрижија 65 заболени од ебола во текот на првите месец дена, колку што трае епидемијата на таа болест во Северен Киву, во Демократска Република Конго – стои во извештајот на спомнатата организација. Тоа е 80% од сите заболени кои се примени во центрите за лекување од ебола откако започна ширењето на вирусот. Во еден од центрите забележани се 29 луѓе кои закрепнале и се вртиле на своите семејства, додека за тројца трае постапката за лекување.
Нови патишта за пренос на вирусот
„Се наоѓаме на клучната точка на епидемијата“, се зборовите на Бернгере Гуис координатор на итната служба на „Лекари без граници“ во градот Бени кој истакнува дека бројот на заболените во центарот значително е намален, но последните денови се забележани нови случаи со различни патишта на пренесување. „Мораме да продолжиме да работиме со заеднцата за да изградиме доверба и да обезбедиме секој кој ќе ни се претстави со симптоми од ебола да биде изолиран и брзо подложен на тестирање. Не смееме да го намалуваме надзорот додека епидемијата не заврши“ истакна Бернгере Гуис.
Меѓу заболените има и здравствени работници
Во текот на ова епидемија заболеа најмалку 17 здравствени работници. Координаторот на итната служба „Лекари без граници“ во Бени смета дека работниците во здравството мора да бидат заштитени со соодветен систем на тријажа кој препознава и изолира личности за кои се сомнева дека се заболени од обола пред да влезат во болницата и додава дека тоа нема да ги заштити само здравствените работници, туку и пациентите и ќе спречи здравствените центри да станат места за ширење на вирусот.
Зарди конфликти можноста за давање помош ограничена
„Ова епидемија е специфична“, рече Клаудија Лодесани претседател на Италијанскиот огранок „Лекари без граници“ која неодамна се врати од Северен Киву, и продолжува: „Тоа е воено подрачје и заради тоа можностите се ограничени – не е возможно да се бараат пациентите и да се следат како што е вообичаено, затоа што движењето е ограничено. Од друга страна започнавме да користиме нови лекови во соработка со Министерството за здравство и Светската здравствена организација, и започнавме со примена на вакцината во првите три недели и тоа ќе помогне во спречувањето на ширењето на епидемијата.“
Ватикан њуз/к.мк