Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел Бермудес по средбата со префектот на Конгрегацијата за прогласување на блажени и свети кардинал Џoвани Анџело Бечиу изрази задоволство од добрите односи со Светиот Престол.
Комунистичкиот претседател објави на Твитер дека средбата е „знак на добри односи меѓу Куба и Светиот Престол“. Средбата, која според пишувањето на службениот лист „Гранма“беше објавено дека се одржа уште во вторникот, на 10 септември, во Хавана, учествуваа апостолскиот нунциј во Куба, монс. Џорџо Лингва и хаванскиот архиепископот Хуан де ла Каридад Гарсија Родригез, министерот за надворешни работи Бруно Родригез Парила и Комесарот на Комунистичката партија за религии Каридад Диего Бело.
Кардиналот Бечиу е во Хавана за да ја предводи литургијата задушница за неодамна починатиот пензиониран архиепископ на Хавана, архиепископот кардинал Џејми Лукас Ортега во Аламин.
Ватикан њуз/к.мк