Објавен е распоредот на литургиски славења што ќе ги предводи Светиот Отец во април и мај. Важните настани на распоредот на Папата вклучуваат апостолско патување во Малта, славење на Велигден и канонизација на неколку блажени, вклучувајќи го и Шарл де Фуко.
Пред Светиот отец престојат два интензивни месеци, кој ќе го започне своето 36. апостолско патување на почетокот на 2 и 3 април во Малта, каде што ќе се сретне со цивилните власти, бегалците и жителите на островот. Ќе ја посети и пештерата Свети Павле со истоимената базилика, место во спомен на бродоломот на апостолите на тој остров.
Една недела по враќањето, на 10 април, на Цветници, Папата ќе служи света Литургија на плоштадот Свети Петар во 10.00 часот. На Велики четврток на 14 април во 9.30 часот во Ватиканската базилика ќе служи света Литургија со посвета на елеј.
Што се однесува до Велики Петок, покрај богослужбата Страдања Господови во базиликата Свети Петар во 17.00 часот, од 21.15 часот ќе има Крстовен пат со Светиот Отец, од оваа година повторно во Колосеумот.
Крстниот пат во пандемијата
Имено, две години по ред, поради пандемијата, Крстниот пат се одржуваше на плоштадот Свети Петар. Да потсетиме, размислувањето за Крстниот пат во 2020 година го подготвија пет затвореници од казнено-поправниот дом Дуе Палаци во Падова, семејство кое поради убиство загуби свој близок, ќерка на татко осуден на доживотен затвор; воспитувач во затвор; судија, мајка на затвореник, вероучител, фрањевец волонтер, службеник во судска полиција и свештеник кој беше обвинет и ослободен по осум години. Во 2021 година децата од извидничката група Фолињо I од италијанската провинција Умбрија и римската парохија на Светите маченици од Уганда го подготвија Крстениот пат.
Велигденското славење
Папата ќе го предводи Велигденското бдение на 16 април, со почеток во 19.30 часот во Ватиканската базилика. Потоа, на Велигден, на 17 април, света Литургија ќе служи во 10.00 часот на плоштадот Свети Петар, а напладне ќе следи Urbi et orbi од централната ложа на базиликата.
Во распоредот на Папата се закажани уште два настани: 24 април, Недела на Божјото милосрдие, во 10.00 часот часот ќе служи света Литургија во базиликата Свети Петар. На истото место на 15 мај – повторно во 10.00 часот – ќе прогласи за светец 10 блажени, меѓу кои и Шарл де Фуко, човек кој сведочеше за доброто на Црквата, како што рече Светиот Отец на Литургијата во Домот на Света Марта на 1 Декември 2016 година, на стогодишнината од неговата смрт.
Заедно со Шарл де Фуко ќе бидат канонизирани за светци, свештениците Јустино Марија Русолило; Луиџи Марија Палацоло и Цезар де Бус. Же биде канонизразн и Лазар, познат како Девасахајам, првиот блажен индиски лаик, исто така ќе биде прогласен за светец. Марија Доменика Мантовани, Титус Брандсма, Марија Ривиер, Марија Франческа ди Џезу Рубато и Марија ди Џезу Сантоканале, исто така,ќе бидат канонизирани за светци.
Ватикан њуз/к.мк