Во сабота 9 април 2022 година традиционално во пресрет на Цветници, според грегоријанскиот календар, се молеше Крстен пат од Средно Водно до Јубилејниот крст на врвот на Водно. Крстниот пат, како и секоја година, беше предводен од Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко-скопски епарх, во заедништво со деканот, катедралниот парох и директор на Македонски Каритас дон Паво Шеќерија, дон Давид Трујило, парохиски викар и управител при парохијата во Битола, Дон Томаш Бак, парох во Куманово и духовен водител на Missio ad gentes и фра Маринко, професор при Богословскиот факултет во Загреб, чесните сестри Евхаристинки, Сестрите на света Мајка Тереза, Фоколаринките – Мариино дело од Скопје и мноштво верници од парохијата во Скопје.
Овогодинешниот Крстен пат беше посветен за жртвите од пандемијата Ковид – 19 и за мир во Украина, а меѓу постојките се молеше света Бројаница за благослов на семејствата и доброто на сите верници на Католичката црква во Македонија како и за луѓето со добра волја.
Крстниот пат на Водно се моли традиционално секоја година од 2014 година, со исклучок на пандемијата Ковид – 19 кога здравствени причини не дозволува да се одржи на Водно, туку во Катедралата Пресвето Срце Исусово во Скопје.
Организаторите искажаа благодарност до сите учесници кои на шест километарската патека останаа доследни во побожностие Крстен пат и Света Бројаница.
к.мк