Крстен пат за деца во парохијата Свети Иван Крстител – Струмица

Во недела 6 април 2014 година во парохиската црква Свети Иван Крстител – Струмица се молеше Крстен пат за деца. Овој Крстен пат е организран во рамки на пасторалната година „Година на семејството“. Покрај бројните деца во Црквата, присуствуваа голем број верници, роднини и пријатели на децата.

1597_1

Крстниот пат го предводеше о. Гоце Костов, а размислувањата ги читаа децата од веронаучната група од парохијата Свети Иван Крстител – Струмица. За време на пеењето помеѓу постојките децата пред иконостасот поставуваа предмети, кои можеле да се сретнат на Исусовиот Крстен пат: леѓен и бокал (симболика кога Пилат си ги изми рацете), трнов венец, сребреници, трска и сунѓер, клинови и чекан, платно, облека, коцки, марамата на Вероника  … Под секој од овие предмети децата поставија и текст каде што се спомнува одредениот предмет во Светото Писмо.

Размислувањата од Крстниот пат за деца ја разоткрија детската душа за нивните потреби, желби и молитви, додека кај возрасните овозможија поглед во нивната потреба за љубов, нежност и сериозно сфаќање на родителската обврска.

го*ко

Категорија: Македонија

За авторот