Концерт по повод 50 години од свештенството на монс. Циримотиќ

Во вечерните часови на 13 јуни во катедралата Пресвето Срце Исусово во Скопје во чест на Златниот јубилеј – 50 години свештенство на монс. Антун Циримотиќ е одржан концерт во изведба на катедралниот хор од Скопје.

Парохот дон Даворт Топиќ упати поздравен говор до Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, монс. Киро Стојанов, до славеникот монс. Антун Циримотич, до изведувачите, како и до сите присутни.

Потоа сестра Татјна ја претстави програмата на концертот, а репертоарот содржеше композиции од Johann Pachelbel – Kanon in D; J.S. Bach – Gounod – Ave Maria; G. F. Handel – Hornpipe in D; J. S. Bach – Jesu, joy of man’s desiring; F. Schubert – Ave Maria; G. F. Handel – Sarabanda d-moll; W.A. Mozart – Aria; T.Cottrau – Santa Lucia; S. Rachmaninov – Vocalise; Astor Piazzolla – Oblivion.. Истоа така хорот ја испеа песната „Слави го душо моја“, а целиот текст го напиша самиот славеник монс. Циримотиќ. На крајот настапи десткиот хор со песната „Кој создаде“.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот