Концерт на октетот “Sursum corda” во Скопската катедрала

Октетот “Sursum corda” при Католичкиот богословски факултет во Ѓаково, Хрватска, престојуваше во Македонија од 22 до 25 април, каде во склоп на одбележувањето на 20 годишнина од постоењето на Заедницата на Хрватите во Македонија го одржа својот прв концерт.

Концертот со наслов “Mysterium Pashale” беше одржан на 23 април 2016 во католичката катедрала „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, под водство на диригентот Емануел Матес, студент на КБФ Ѓаково. Програмата на концертот беше со библиско – медитативен карактер, а со цел да се прикаже Христовото страдание, смрт и воскресение. За секое таинство беше читано пригодно читање, по што следеа песните кои ги пееше октетот.

Во неделата на 24 април 2016 беше свеченото одбележување на дваесет годишнината од постоењето на Заедницата на Ххрватите во Македонија, а на овој настан како гости беа присутни и членовите на октетот. Меѓу другото, гостуваа во утринската програма на Македонската Радио Телевизија, каде имаа прилика да говорат за идејата за основањето на октетот и понатамошните цели и планови. Освен концертот, членовите на октетот имаа прилика да го разгледаат Скопје и околината запознавајќи се со македонската култура. Организацијата на овој настан беше од страна на Заедницата на Хрватите во Македонија, под водство на претседателот Ненад Живковиќ, а одговорна за овој проект беше м-р Ена Абјаниќ.

 к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот