Концерт во Малта во спомен на папата Фрањо

Концерт во Малта во спомен на папата Фрањо

Музички ораториум, организиран по повод првата годишнина од смртта на папата Фрањо, ќе биде изведен во Имдина, Малта, а приходите од настанот ќе бидат наменети за црковен дом што се грижи за лица во потреба.

Комеморативен концерт во спомен на папата Фрањо ќе се одржи на 24 април, со почеток во 19:30 часот, во Митрополитската катедрала „Свети Павле“ во Имдина, по повод првата годишнина од неговата смрт.

Настанот го организираат Полициските сили на Малта, во соработка со Амбасадата на Малта при Светиот Престол, а средствата собрани од концертот ќе бидат донирани на „Ид-Дар тал-Провиденца“, дом под управа на Црквата, кој обезбедува грижа и поддршка за лица во потреба.

Во програмата е вклучен двочасовниот музички ораториум „Фрањо: Пастир на милосрдието“, посветен на понтификатот на папата Фрањо.

Либретото го напишал амбасадорот на Малта при Светиот Престол, Франк Замит, а музиката ја компонирал маестро Ентони Касар, диригент на Оркестарот на Полициските сили на Малта.

Меѓу присутните што се очекуваат на концертот се полицискиот комесар на Малта, Анџело Гафа, надбискупот Чарлс Џуд Шиклуна, претставници на Апостолската нунцијатура, како и други граѓански и црковни претставници.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот