По повод посетата на папата Фрањо на Македонија Катедралната црква „Пресвето Срце Исусово“ – Скопје распиша конкурс на цртежи за деца од 5 до 14 години на тема:
- Папата Фрањо и мирот – сите можеме да бидиме миротворци
- Папата Фрањо и сиромашните – солидарноста кон маргинализирани луѓе: болни лица, лица со посебни потреби.
- Папата Фрањо и децата
Oд пристигнатите цртежи ќе се направи брошура која ќе му биде поклонета на Папата.
Цртежите треба да бидат изработени во А4 формат, а секој учесник може да ја избера техниката.
Покрај можноста да учествуваат со цртежи децата може да напишат и писмо, поезија или проза на гореспоменатите теми.
Делата треба да бидат потпишани на позадината од листот, да е наведат годините на учесникот и да се достават лично на следната адреса:
Катедрална црква „Пресвето Срце Исусово“ – Скопје, ул. Петар Попaрсов 47, 1000 Скопје /за „Конкурс на цртежи“/.
Конкурсот е отворен до 18 април 2019 година.
к.мк