Колумбија се подготвува за посетата на папата Фрањо

Колумбија се подготвува за посетата на папата Фрањо

Во Колумбија се во тек подготовките за посетата на папата Фрањо, најавена за почетокот на септември.

Колумбија по минатогодишните мировни преговори сега се наоѓа на трнливиот пат на обнова, насилството е заменето со макотрпниот пат кон трајниот мир. Претседателот на колумбиските епископи, надбискупот Оскар Урбин Ортега, ги охрабрува своите сонародници да го направат првиот чекор кон помирувањето со Бог, со браќата и со создадениот свет. Во таа смисла, најавената посета на папата Фрањо ќе биде важен момент во мировниот процес.

Монс. Урбин Ортега, во разговор за Радио Ватикан оценува дека Колумбија сега е во фаза на „раѓање“, во состојба да се препороди. Папата, се зборовите на надбискупот Ортега, мора да го охрабри ова ново создавање „за добро да се развие во светлината на Евангелието и неговото сведочење.“ Монс. Урбин Ортега очекува од Папата охрабрување за евангелизација и помирување, за да нема повеќе враќање на старото.

Папата ќе го посети и централниот дел на Колумбија, каде ќе има можност да ја развие проблематиката на енцикликата „Laudato si“, за да се исправи она што не е добро. Оваа област во Колумбија е само дел од „заедничкиот дом“ и мора да го штитиме, развиваме и чуваме во согласност со науката на Црквата.

Во новиот период од историјата на Колумбија Црквата може значително да допринесе затоа што го има Словото на Евангелието, со пораката на Папата за помирување и мир, но и со инструментите за помирување. Светата Тајна Помирување е најважна од сите средства, истакна надбискупот, затоа што човекот помирен со Бог е способен да се помири и со ближниот и со создадениот свет. Пред Црквата престои голема работа, заврши надбискупот Урбин Ортега.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот