Колку долго е присутен Исус во Евхаристијата откако ќе се причестиме?

Колку долго е присутен Исус во Евхаристијата откако ќе се причестиме?

Да му дадеме почит на Исус присутен во Евхаристијата…

Светата Евхаристија е големо богатство во Католичката црква. Самиот Исус е сокриен во лебот и виното. Веруваме, како што вели катехизмот, „Во Пресветата Тајна Евхаристија се „содржани вистинските, реалните и важните (супстанцијалното) Тело и Крв на нашиот Господ Исус Христос, со душата и божеството, и според тоа, целиот Христос“ (ККЦ, 1374).

Што се случува кога ја примаме честицата во устата? Колку Исус навистина останува присутен во нашето тело?

Тоа реално Исусово присуство во Евхаристијата не престанува во моментот кога Го примаме во Причеста.

Катехизмот понатаму продолжува: „Христовото евхаристиско присуство започнува во моментот на претворбата и трае толку долго колку што трае евхаристискиот облик. Христос целосно и целиот е присутен во секој облик и во секој нејзин дел, така што кршењето на лебот не го дели Христа“. (ККЦ, 1377).

Колку Исус навистина е присутен во нашето тело? „Должни сме да му оддадеме почит на нашиот Господ“.

Познатата анегдота од животот на свети Филип Нери ќе ни одговори на тоа прашање.

Еднаш додека свети Филип Нери служел света Литургија, некој човек се причестил и веднаш излегол од црквата. Свети Филип забележува дека тој човек не ја дава потребната почит кон Господовото присуство во себе и одлучува да му даде поука. Тој испратил двајца министранти со запалени свеќи да го следат човекот по улицата. Одејќи по улиците на Рим, човекот по некое време се свртел назад и видел дека двајца министранити упорно го следат. Збунет се вратил во црквата и го запрашал Филип Нери зошто ги испратил тие деца. Филип му одговорил: „Должни сме да му оддадеме почит на нашиот Господ, кој го однесовте со себе. Затоа што не му дадовте почит, ги испратив министрантите тие тоа да го направаат“. Човекот бил вчудоневиден од одговорот и одлучил во иднина да го почитува Господовото присуство во Евхаристијата.

Генерално се смета дека честицата останува нераспадната во телото околу 15 минути по причестувањето. Тоа се темели на билогијата и на ставовите од Катехизмот кои велат дека Христовото присуство „трае толку долго колку трае и евхаристискиот облик“.

Затоа, многу светци препорачуваат да се остане 15 минути во молитва, по примањето на Евхаристијата, како благодарност кон Господ. Тоа им овозможува на душата да ужива во блискоста со Бог и да разговара со Исус со отворено срце.

Да се заблагодариме барем накратко!

Во нашиот раздвижен (бурен) свет често е тешко да се остане во молитва после Литургијата, но тоа не значи дека не можеме барем малку кратко да благодариме. Важно е да имаме на ум дека Исус останува во нас уште некое време и дека тие неколку минути претставуваат привилегиран момент, во кој можеме да се дружиме со Исус и да ја впиваме неговата љубов.

Ако случајно на тоа заборавите, да не бидете изненадени ако се случи вашиот парох да ги испрати министрантите да трчат по вас откако ќе излезете од црквата пред време!

Боок/к.мк/о.Ѓ.Појразов

Категорија: Вера, Духовност

За авторот