Кога некое општество го крие Бога, тогаш ги отфрла и луѓето

Кога некое општество го крие Бога, тогаш се отфрлаат луѓето, истакна папата Фрањо по повод претставувањето на иницијативата на светската воспитна мрежа „Scholas Occurentes“, која тој ја осмисли, а која и денес делува, посебно, меѓу младите од градските периферии и младите кои се во потешкотија.

Денес за некој млад човек е нормално некој да умира од глад, да биде болен, некој да краде, убива или да живее во банда на крадци. Некои пак делови од општеството како вид на работа ја предлагаат продажбата на дрога и тоа најмногу на сиромашните млади. Тој пат води до самоубиство: морално и егзистенцијално, а јас не сакам човечкиот род да врши самоубиства. Голем е бројот на младите кои се жртви на секојдневно насилство и сиромаштија, забележа Папата.

Вашиот потфат е проект и ветување. Ви заблагодарувам и се восхитувам на вашата човечност и вашата хуманост. Навистина вашата работа е креативна во однос на образовниот систем, кој не е подготвен да реагира. Има исклучоци, но општо, според тоа што го знам за Латинска Америка и Африка, не е способен да реагира. Вашиот потфат отвора перспективи, креативен е, како воспитание на три ускладени говори: умот, срцето и рацете, тоа е ускладена работа, истакна Светиот Отец и додаде:

Тајната е во човечката личност и во Бог. Бог во човечкото срце посеал многубројни можности, но кога некое општество го сокрива Бог и во центарот не ја става човечката личност, тогаш завршуваме во културата на отфрлање, заклучи папата Фрањо.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот