Кина: Срушија црква за да изградат парк

Кина: Срушија црква за да изградат парк

Рушењето започнало точо напладне, кога околу 100 работници и полицајци ненадејно пристигнале пред црквата

Регистрираната црква во реонот Личенг во покраината Шандонг, на 13 август е срушена, бидејќи „пречеше при изградбата на паркот“ – пишува порталот AsiaNews.

Рушењето започнало точно напладне, кога околу 100 работници и полицајци ненадејно пристигнале пред црквата, Најпрво е уништен ентериерот, а потоа започнале со подготовките за рушење на самата црква, акција која на крајот „успешно“ ја завршиле.

Утредента, 14 август 2018 година, околу 70 члена на парохиската заедница, вклучувајќи го двајцата свештеници и чесната сестра, испаднале пред седиштето на градската управа. Носеле транспаренти и знаци со натписи: „Го осудуваме рушењето на црквата и бараме од властите разумно објаснување!“ и „Вратете ми ја црквата, врате ми го срцето!“

Градската управа четири години давала ветување дека ќе додели локација за нова црква, но ветувањето никогаш не го исполни.

Според изворите парохот фра Ванг Хунбао, разговарал со општинските власти, кои и понатаму ветуваат дека ќе најдат место за нова црква.

AsiaNews истакнува дека се работи за втора црква во тој регион, која е срушена во последните месец дена.

/к.мк

 

Категорија: Вести, Свет
Ознаки Кина, црква

За авторот