Католичката црква се залага за соединување на Северна и Јужна Кореја

Светиот Отец од 13 до 18 август 2014 година ќе престојува во Јужна Кореја, ќе ја посети една од најмладите и многу жива католичка заедница на Корејскиот полуостров, каде еден народ живее поделен во две непријателски земји.

И покрај завршувањето на Студената војна, уште опстојува ѕидот помеѓу двете Кореи преку 38 парарела, која разделува околу седумдесет милиони Корејци; таканаречената демилитаризирана зона формирана во 1953 година на крајот од Корејската војна. Ниедна граница на светот не е толку воено обезбедена. Целата блиска историја на Корејскиот полуостров претставува воено соочување. Јужна Кореја на 15 август 1948 година е прогласена за независна држава, а на 9 септември истата година за независна е прогласена и Народна Демократска Република Северна Кореја, под водство на Ким Ил Сунг.

Насилно поделена земја што ја симболизира поделбата на светот на два блока, стана простор за вооружен судир меѓу новите меѓународни рамнотежи. Војската на Северна Кореја на 25 мај ја зазема Јужна Кореја. Судирот бргу се претворува во војна. Соединетите Американски Држави веднаш реагираат одговарајќи на резолуцијата на ООН со која се бара подршка за Југот. Примирјето од јули 1953 година ја потврди поделбата на земјата преку 38 парарела.

Надежта за соединување на Југот и Северот црковните власти ја споделуваат со сите Корејци. Ако немам татковина, не постојам – таа реченица, издлабена на мермерна плоча, ги дочекува странските туристи од целиот свет кои сакаат со рака да ја допрат драмата на поделба на народот. Но, тоа што многумина го сметаат само за едноставна станица на одот преку 38 парарела, за Кореанците претставува говор на смртта и очајот.

Станува збор за демилитаризираната зона помеѓу двете Кореи, за азискиот берлински ѕид, кој дели еден народ во две држави. За Црквата тој ѕид никогаш не постои, рече отец Еун Хиунг Ли, член на пограничната бискупија Уе Јеонг Бу, „а кога еднаш ќе биде срушен, тука ќе го понудиме и собереме нашиот удел. Токму така како што правевме и досега“, потврди отец Хиунг Ли.

На Корејскиот Полуостров расте желбата за соединување. Посетата на папата Фрањо е извонредна шанса, така мислат луѓето, и покрај тоа што двете спротивставени идеологии создаваат потешкотии, како и разните меѓународни влијанија, на што потсети отец Џерард Хамонд, мисионер на американското општество за надворешна мисија (Марикнол).

Свештеник сум и имам американски пасош. Не ме интересираат внатрешните работи на Северот. Но како свештеник, морам да бидам пример и да пружам надеж на оние што страдаат, рече тој. Тој американски мисионер два три пати годишно ја поминува границата на 38 парарела. Зависи од одобрувањето на Министерството за внатрешни работи, тоа го прави под ознаката „ Eugene Bell“, протестантско здружение кое им овозможува на католиците и атеистите пристигнување на помошта во Северна Кореја.

На прашањето дали само режимот на Пјонг Јанг е против соединување? Тој одговара: апсолутно не, иако режимот има специјален однос со Кина, а Кина ја подржува Северна Кореја, другите, пак држави не покажуваат интерес за соединување. Единствено миротворна средба меѓу двете страни може да го оствари она што не ѝ успеало на меѓународната дипломатија, истакна отец Хамонд.

Соединувањето е најголем предизвик за месната Црква, која во прв ред пружа помош, заблагодарувајќи му се на Посебниот црковен совет за помирување. Отец Ли Уен Хиунг, член на Советот, рече дека Советот има различни задачи; меѓу нив најважна е евангелизацијата на Северна Кореја, бидејќи Северот нема верска слобода. Во прв ред ние настојуваме да ги споделиме новостите за она што се случува на Југот и на Северот, исто така и тоа што го чувствуваме во срцето. Другата, пак задача е помагањето на оние што избегале од Северна во Јужна Кореја. Им помагаме да се снајдат овде во Јужна Кореја, истакана свештеникот.

А на досега направеното и на идните проекти се осврна еден од свештениците истакнувајќи дека најважен проект, којшто ќе трае секогаш е заедничката молитва. Ние заедно молиме. Тоа е најважното. Имаме некои цркви во близина на демилитаризираната зона во кои, секоја среда се собираме на заедничка молитва и молиме за народот од Северна Кореја, истакна тој.

На прашањето што тие како Црква чувствуваат работејќи во близина на демилитаризираната зона, рече дека многу му е важна евангелизацијата на Северна Кореја, „бидејќи сме многу близу до границата“. Секогаш ме радуваше можноста за евангелизација. Да се биде близу до границата не значи да се имаат посебни овластувања во пасторалното делување, напротив, се чуствувам многу близу до обединувањето. А помислата на тоа дека сум на границата, во мене го зајакнува Божјиот повик. Секако, обединувањето и евангелизацијата на Северна Кореја се најголем предизвик за нас католиците, истакна свештеникот.

Сеулскиот надбискуп кардиналот Андрју Јеом Су Јунг прв стапна на Севернокорејска почва. Тој ја поминал границата и накратко ја посети економската зона, каде врз основа на договор меѓу двете држави, се наоѓаат фирмите и индустријата, во кои работат граѓани од едната и другата држава. Причина за краткото патување на кардиналот Јеом било да го види подрачјето, симбол на соработка меѓу Северот и Југот и да се сретне со граѓаните од Северот и Југот, кои работат тука и да им предаде порака на охрабрување и надеж. Економската зона Кесонг, е најнов проект на приближување на двете Кореи. Овие две држави во 1953 година потпишаа примирје, но сѐ уште немаат објавено завршување на војната.

РВ/Н.В.

Категорија: Свет

За авторот