Католичката и Православната црква разговараа за синодалноста и приматот во вториот милениум
Од 1 до 7 јуни 2023 година, Мешовитата меѓународна комисија за теолошки дијалог меѓу Католичката црква и Православната црква ја одржа својата 15. пленарна седница во Александрија, Египет. Домаќин на средбата беше Грчката православна патријаршија Александрија и цела Африка.
Комисијата, со која копретседаваа кардиналот Курт Кох, префект на Дикастеријата за единство на христијаните и митрополитот Писидиски Јов од Вселенската патријаршија, се согласија за нов документ насловен Синодалност и првенство во вториот милениум и денес.
Како што се наведува во заедничкото соопштение објавено на крајот од средбата, „дискусијата се фокусираше на синодалноста и приматот на Исток и Запад во вториот милениум, давајќи, колку што е можно, заедничко читање на историјата и меѓусебно нудејќи можност за дијалог во духот на отвореноста за „промовирање на меѓусебното разбирање и доверба, кои се суштински предуслови за помирување на почетокот на третиот милениум“.
На средбата присуствуваа 18 католички членови, а беа претставени десет Православни цркви, меѓу кои Вселенската патријаршија, Александриската Патријаршија, Ерусалимската патријаршија, Романската патријаршија, Патријаршијата на Грузија, Кипарската црква, Грчката црква, црквата на Полска, Црквата на Албанија и Црквата на Чешките земји и Словачка.
Ватикан њуз/к.мк