Католиците и Евреите минуваат низ плодоно време на дијалог

Католиците и Евреите минуваат низ плодоно време на дијалог

Католиците и Евреите на својот заеднички пат поминуваат низ плодоносно време на дијалог – рече папата Фрањо за време на средбата на 31 август 2017 година со претставниците на Конференцијата на европските рабини, Рабинскиот совет во Америка и Комисијата на Големиот израелски рабинат, кои се во дијалог со Комисијата на Светиот Престол за верски односи со јудаизмот.

Станува збор за позитивен биланс на заедничкиот пат, поаѓајќи од соборската декларација за односите на Црквата кон нехристијанските религии, Nostra Aetate, ‘голема повелба’ за дијалог на католиците со еврејскиот свет – напомена папата Фрањо и продолжи: Во последните неколку децении успеавме да се приближиме едни кон други и да воспоставиме делотворен и плодоносен дијалог. Го разбудивме меѓусебното разбирање и ги зајакнавме пријателските врски. Токму тоа го потврдува документот насловен „Помеѓу Рим и Ерусалим“, кој на Папата го претставија европските, американските и израелските рабини, вклучувајќи го и главниот римски рабин Рикардо Ди Сегни.

Вашиот документ е упатен до католиците – напомена Светиот Отец нарекувајќи ги „партнери, блиски сојузници, пријатели и браќа во нашата заедничка мисија за подобар свет благословен со мир социјална правда и сигурност. Во документот стои дека и покрај длабоките теолошки разлики католиците и Евреите споделуваат заеднички уверувања, а исто така потврдува дека религиите мора да служат со морални однесувања и верско образование – а не со војни, присилување или општествен притисок, како би имале влијание и надахнување. Тоа е многу важно: Вечниот нека ја благослови и просветли нашата соработка како би можеле заедно да ги прифатиме и секогаш подобро да ги спроведуваме неговите планови, „планови за благосостојба, а не за зло“ за „иднина и надеж“ – рече на крајот Папата.

к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот