Во соопштението објавено на Меѓународниот ден на човековите права 10 декември во Брисел Каритас Европа предупредува дека Европа сѐ уште е далеку од целосна примена на Декларацијата за човековите права.
Каритас Европа, кој е сочинет од Каритас организации на 46 европски земји затоа ги повика шефовите на државите и владите на доследна заштита на човековите права. По повод 70 годишнина од потпишувањето на Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи во соопштението се истакнува дека „иако тоа било големо постигнување на европските држави, сојуз на влади и народи сѐ уште сме далеку од целосна примена на нејзините начела. Конвенцијата мора да се почитува во целост.“
Денешна Европа со новите дигитални платформи, сајбер технологијата и вештачката интелигенција технолошки е напредна, но многумина во неа се екстремно социјално и еколошки лишени, предупреди генералната секретарка на Каритас Европа Марија Нуман. Со оглед на многу сложените сценарија и многуте Европјани кои живеат во тешка социјална криза, обврзувачкото и доследното признавање на основната вредност на почитувањето на човековите права е од големо значање. Потребна е „социјална Европа“, порача Нуман.
Генералнато собрание на Обединетите нации на 10 декември 1948 година ја усвои Универзалната декларација за човековите права. Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи ја потпишаа на 4 ноември 1950 година во Рим дванаесетте членки на новооснованиот Совет на Европа.
Ватикан њуз/к.мк