Начинот за изборот на нови епископи, потребата од формирање на персонал кој работи во финансискиот сектор на Ватикан, се потребите за успешно реализирање на реформите. Ова се некои од темите кои беа дискутирани овие денови од страна Кардиналскиот совет заедно со папата Фрањо.
За средбата, што се одржа од 13 до 15 февруари, заменик директорот на ватиканскииот прес центар, Палома Гарсија Овехеро, имаше неформална прес конференција на која појасни дека за време на работните сесии на групата беа присутни сите кардинали од Кардиналскиот совет.
Овехеро истакна дека папата Фрањо не учествувал во вториот дел од средбата, во понеделник наутро, бидејќи бил ангажиран со епископите од Костарика кои ги прими на аудиенција на нивната Ад Лимина посета и во средата наутро, поради Генералната аудиенција.
На 13 февруари, деветте кардинали ја потврдија својата целосна поддршка кон Папата за реформите и неговата научителска власт. Тие се заблагодарија на папата Фрањо за словото кон Римската Курија по повод празникот Рождество Христово.
„Утринските и попладневните работни сесии на 13 февруари беа посветени на дополнително истражување на различните сектори на Римската Курија и особено дискусијата беше посветена на Конгрегацијата за евангелизација на народите, Конгрегацијата за Источните цркви и Папскиот совет за меѓурелигискиот дијалог”, посочи Овехеро.
„Во овие денови – додаде заменик директорот на ватиканскиот прес центар – беа дискутирани и критериумите за избор на новите епископи”.
Кардиналскиот советот исто така дискутираше и за „ѓаконијата на Правдата”, која е надлежност на Апостолската пенитенцијарија, Апостолската Сигнатура и Римската рота, но „за сега не се предвидени големи реформи”, прецизира Овехеро.
За време на разговорите, кардинал Џорџ Пел поднесе извештај за работата на Секретаријатот за економија за „целосно остварување на реформите, посакувани од Светиот Отец”, и беше посветено особено внимание на „формирањето на персоналот и човечките ресурси”.
Исто така и префектот на Секретаријатот за комуникациите, монсињор. Дарио Едоардо Вигано, ја претстави моменталната ситуација за реформата на Ватиканските медиуми, која предвидува спојување на Радио Ватикан и Ватиканскиот телевизиски центар. Беше претставен и проектот за реформа на радиофреквенциите и социјалните мрежи. Монсињор Вигано пред Кардиналскиот совет го претстави и проектот за реформа на Ватиканската издавачката куќа (Libreria Editrice Vaticana).
Следниот состанок на Кардиналскиот совет ќе се одржи од 24 до 26 април 2017 година.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк