Кардиналот Паролин ја заврши посетата на азискиот континент
Со посетата на Сингапур, Ватиканскиот државен секретар, кардиналот Пјетро Паролин ја заврши посетата на азискиот континент.
Во присуство на министерот за надворешни работи на Република Сингапур и на други претставници на власта, кардиналот Паролин направи симпатична споредба помеѓу сингапурската реалност и Ватикан: и двете држави се мали географски единици, но затоа пак се потврда на фразата „малото е убаво“.
Земја на хармонија меѓу верниците
Ватикански државен секретар го оцени за многу важен меѓународниот ангажман на Сингапур за глобалната потрага за мир и просперитет, особено во овој момент, во кој светот се соочува со големи предизвици, како верскиот фундаментализам и тероризам.
Потсетувајќи на прославата на 9 август на 50 годишнината од независноста на Сингапур, кардиналот Паролин изрази задоволство од „хармоничниот“ соживот помеѓу различните вери. Затоа тој ги охрабри да се преземе ангажман за ефикасен меѓурелигиски дијалог и за вистинска религиозна слобода.
Свест за заштита на Созданието
Другото име на Сингапур е „Град-градина“. Кардиналот Паролин потврди дека тоа е „соодветен израз, не само затоа што го опишува пријатното заобиколување со зеленило, меѓу која се живее, туку и затоа што го претставува Сингапур со неговиот ангажман за заштита на животната средина и зголемената свест за ранливите нешта во современиот свет“.
Сингапур – Црква, која го сака Папата
Ватикански државен секретар на крајот се заблагодари за покажаното гостопримство на овој „прекрасен остров“, кој се издига како „светилник меѓу земјите во регионот“. Кардиналот упати и мисла до месната Црква: свештениците, богопосветените лица и лаиците „ја покажаа моќта на односите, базирани на заедништво и љубов меѓу Светиот Престол и Сингапур, каде што живеат многу квалификувани луѓе кои работат во организации поврзани со Светиот Престол и со меѓународни католички организации“. „Нека овој прекрасен знак на активното учество на лаиците биде добра желба за иднината на локалната Црква”, заврши кардиналот Паролин.
РВ/В.Н.