По патувањето во Киев на почетокот на месецот, продолжува мисијата на претседателот на Италијанската бискупска конференција, на која го испрати папата Фрањо за да се намалат тензиите на конфликтот во Украина. Кардиналот во руската престолнина ќе биде придружуван од службеник на Државниот секретаријат. Светиот Престол: „Целта е да се поттикнат гестовите на човечност кои можат да придонесат за поддршка при решавањето на моменталната трагична ситуација“
На 28 и 29 јуни, кардиналот Матео Марија Зупи ќе ја посети Русија, каде минатата сабота, на 24 јуни, владееше тензија и постоеше голема опасноста од граѓанска војна. Папата Фрањо на Болоњскиот надбискуп и претседател на Италијанската бискупска конференција му довери мисија за пронаоаѓање можни патишта за дијалог за решавање на конфликтот во Украина. Токму во таа земја, во нејзиниот главен град Киев, на 5 и 6 јуни се одржа првиот дел од мисијата на кардиналот Зупи, при што кардиналот разговараше со претседателот Володимир Зеленски.
Поттикнување на човечки гестови
Вториот дел од мисијата, како што е предвидено во вестите од 20 мај за задачата на кардиналот, се Русија, Москва. Претседателот на италијанските бискупи, кој веќе беше посредник во случајот со договорот во Мозамбик, заедно со Заедницата Свети Егидиј, на 28 и 29 јуни ќе престојува во Москва – како што е истакнато во соопштението од Канцеларијата за печат на Светиот Престол. На патувањето кардиналот Зупи ќе го придружува службеник на Државниот секретаријат – се истакнува во соопштението, во кое се нагласува дека главната цел на оваа иницијатива е да се поттикнат гестовите на човечност кои можат да придонесат за решавање на актуелната трагична ситуација и да да се најдат патишта за постигнување праведен мир.
Ватикан њуз/к.мк