Ватикан го објави датумот за канонизацијата на блажен Џон Хенри Њуман и на други четворица блажени која ќе се случи третата недела во октомври.
На кознисториумот со кардиналите, Папата ја одобри канонизацијата на Џон Хенри Њуман англиски кардинал, сестра Џузепина Ванини италијанка, сестра Марија Тереза Чирамел Манкидјан индијка, сестра Дулче Лопез Понтес бразилка и Маргарита Баис од Швајцарија.
Писателот и поет, проповедник и богослов, Џон Хенри Њуман е меѓу најпознатите англикани кои ја прифатија католичката вера во бурен период на односите меѓу Англиканската и Католичката црква. Во септември 2010 година папата Бенедикт XVI го прогласи за блажен, а во февруари папата Фрањо го потпиша декретот со кој се признава второто чудо што му се припишува на блажениот Џон Хенри Њуман, необјаснивото излекување на жена во „ бременост опасна по живот.“
Италијанката Џудит Аделиде Агата, потоа станала сестрата Џузепина Ванини, основателка на монашката заедница на Сестрите на Свети Камил.
Монахињата индијка Марија Тереза Чирамен Манкидјан, основателка на монашката заедница на Сестрите на светите семејства. Таа е позната по својата посебна харизма, со особено љубов кон најсиромашните меѓу сиромашните. Папата Иван Павле II ја беатифицира на 9 април 2000 година.
Монахињата Дулче Лопес Понтес бразилка е од монашката заедница на Сестрите мисионерки од Светото непорочно зачнување на Дева Марија.
Швајцарката Маргарита Баис е од монашката заедница на Свети Фрањо Асишки. Таа чудесно е излекувана од рак на 8 декември 1854 година на денот во кој е објавена догмата за Непорочното зачнување. Извесно време после тоа на 39 години добива стигми и тие рани ќе ги носи до крајот на животот.
Ватикан њуз/к.мк