Кардинал Шонборн повика на молитва за жртвите од терористичкиот напад во Виена

Кардинал Шонборн повика на молитва за жртвите од терористичкиот напад во Виена

Надбискупот на Виена кардиналот Кристоф Шонборн по повод истовремените терористички напади во понеделникот навечер на 2 ноември во центарот на Виена порача дека ништо не може да го оправда слепото насилство – известува Катпрес.

Кардинал Шонборн истакнува дека во овие драматични моменти заедно со многумина кои преку медиумите ги следат трагичните настани во срцето на Виена се моли за жртвите на нападот и за безбедносните сили за крвопролевањето да не продолжи.

Во изјава за Катпрес кардиналот истакнува дека длабоко го потресува тоа што оваа ноќ се случува во негова близина, истакнувајќи дека повторните истрели во близина на синагогата го потсетуваат на нападот на еврејскиот храм во 1981 година. Без разлика што е во позадина на денешниот атентат, јасно е дека слепото насилство со ништо не може да се оправда – истакнува кардиналот Шонборн.

Силните безбедносни сили го обезбедуваат подрачјето околу Шведскиот плоштад во центарот на Виена каде кратко после 20 часот се слушаа пукања од автоматско оружје на најмалку шест места, убиен е еден од напаѓачите како и еден минувач, а петнаесет лица се ранети, меѓу нив и полицаец, седумина потешко. Во моментот на нападот блиската синагога била затворена и никој не се наоѓал внатре.

Полицијата ги повикува граѓаните да останат дома. Во пресрет на почетокот на второто затворање во Австрија поради пандемијата од коронавирусот, многумина вечерта ја искористиле за излегување.

Катпрес/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот