Кардиналот Петер Турксон префект на Дикастеријата за промовирање на интегрален човечки развој во саботата ја посети ромската номадска населба на периферијата на Рим за да ја посведочи близината на Папата.
Кардиналот се сретна со семејствата, со мајките и децата кои живеат во лоши услови и се чувствуваат исклучени. Епидемијата од коронавирусот не го запре делувањето на Црквата, туку го направи потешко за организациите и волонтерите работат за интеграцијата на тие луѓе.
Во римската населба Кастел Романо живеат околу 600 номади, половина од нив се малолетници. Кардиналот со помош на Ватиканската аптека која е партнер со Ватиканската комисија за Ковид-19 основана при Дикастеријата за промовирање на интегрален човечки развој донесе 3000 гумени ракавици, 6000 хируршки маски, 200 маски и 500 пакувања парацетамол. Па, тие се лекови и неопходни средства за заштита во оваа време по пандемијата. Благодарение на „Здружението 21 јули“ кое веќе со години им помага на номадите примиле 260 пакети со најосновните работи, посебно за децата до три години.
Кардиналот најпрво се сретна со волонтерите во образовниот и културен центар „Екс Фиениле“ во приградскиот кварт Тор Бела Монака во кој многу граѓани се невработени и имаат финансиски потешкотии, но и желба за излегување од таа ситуација. Потоа го посети локалниот епископ монс. Џанпиер Палмиери и организациите и волонтерите кои им помагаат на номадите.
Денес сме овде за да ја посведочиме поддршката на сите оние кои живеат во тешки услови, кои често се заборавени, посебно во оваа време на здравствена, економска и општествена криза – рече кардиналот Турксон и потсети, промовирањето на интегралниот човечки развој е поврзан со грижата за создаденото. Ако промашиме во едното ќе промашиме и во другото.
Водата во номадската населба во Кастел Романо се донесува во цистерни, електричната енергија нема напон кој ќе овозможува извршување на сите активности. Само 15% од децата редовно одат во училиште. Со избувнувањето на епидемијата наставата преку интернет не беше возможна заради недостаток на комјутери и интернет. Куќите во кои номадите живеат личат на бараки. Кардиналот влезе во нивното домување, разговараше со семејства од кои многумина кажуваат дека побегнале пред војната во Босна и дека се бегалци без официјален статус. Римската болница Бамбино Џезу редовно им дава здравствена грижа и до сега лекуваше околу 700 ромски деца номади кои живеат во Рим.
Ватикан њуз/к.мк