Кардинал Луј Антонио Тагле претседател на Меѓународниот Каритас во овогодинешната божиќна порака пишува за моменталната хуманитарна криза во Сирија.
Оваа војна беше една од најмрачните зими за Сирија, но знаеме дека после зимата доаѓа пролетта – пишува кардиналот Тагле. Со вашата поддршка Каритас во целиот свет работи на воспоставување на мир во Сирија. Во својата порака кардиналот потсетува на тоа дека работниците на Каритас живеат рамо до рамо со оние кои трпат заради конфликтот, истакнувајќи дека персоналот на Каритас користи мебел како огревно дрво.
Да мислиме на сиромашните, старите луѓе и децата сите 10 сместени во една соба – продолжува кардиналот – На оние кои живеат на отворено… На оние кои се под постојано бомбардирање… На оние кои се на улицата кои ги напуштиле своите домови во потрага по сигурност. Голуб во зимскиот воздух е бело совршенство – мирот во Сирија би било совршенство за овој Божиќ – стои на крајот од пораката.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк