Кардинал Станислав Џивиш: „Ќе има место за секој во Краков!“

Кардинал Џивиш ја нагласи посебно важноста за духовната подготовка на поклониците за престојната средба на млади и ги повика сите млади од светот, кои сакаат да присуствуваат на настанот во Краков, веќе да почнат со подготовка за средбата и на тој начин, со молитва да растат во заедништвото со групата со која планираат да патуваат.

Кардинал Станислав Џивиш, претседател на Огранизацискиот одбор за Светскиот ден на млади во Краков 2016, после неодамнешното заседание на Послската епископска конференција изнесе неколку информации поврзани со самата средба. Задоволен е од досегашните многубројни пријавени поклоници и интересот на младите за учество. Посебно го истакна големиот интерес на младите од Јужна Америка: „Оние кои го доживеаја Светскиот ден на млади, со нетрпение чекаат повторно да го доживеат. Кажуваат „Краков 2016“, но јас велам „Полска 2016“ затоа што цела Полска учествува во настанот и цела Полска ќе биде домаќин на младите за време на деновите во епархијата.“

Главните настани во Краков ќе се одржат на подрачјето Блонија, во центарот Иван Павле II, Светилиштето на Божјето Милосрдие во Лагиевинки и на „полето на милосрдието“. „Ќе има место за секој“, истакна Крадиналот и најави и прослава по повод 1050 години од христијанизацијата на Полска, која ќе се одбележи на пролет во 2016 година.

Лаудато/Б.Р.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот