Кардинал Анџело Скола, милански надбискуп, на конференција за печатот на 27 февруари 2017 година ја претстави пасторалната посета на папата Фрањо на миланската надбискупија.
Папата доаѓа да ја зацврсти верата во нас и да ни го покаже она што е навистина важно во животот. Тоа е, смета миланскиот надбискуп, причината за пасторалната посета на Папата на Милано. Околу 4.600 волонтери ја подготвуваат посетата на Папата на Амврозиската црква. После кратката посета на миланската периферија, Папата во катедралата ќе се сретне со свештенството, а потоа ќе го посети затворот „Сан Виторе“, каде ќе вечера со затворениците.
Главниот настан на пасторалната посета ќе биде светата Литургија, која Светиот Отец со почеток во 15.00 часот ќе ја предводи во паркот во Монза, а се очекува на Литургијата да учествуваат околу 500.000 илјади луѓе. Околу 3.500 автобуси и 400 посебни возови ќе ги превезуваат верниците до паркот. Сите се повикани да патуваат на одржлив начин, со велосипеди или пеш. Посетата на Папата ќе биде можност за средба на сите луѓе, и верници и неверници. После светата Литургија, Папата на фудбалското игралиште „Сан Сиро“ ќе се сретне со миропомазаниците, каде ќе му биде врачен план за искоренување на сиромаштвото кај децата во Милано до 2020 година.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк