Кардинал Скола ја повика Европа да ги заштити христијаните на Блискиот Исток
Против прогонството на христијаните во светот, посебно на Блискиот Исток кардинал Анџело Скола милански надбискуп го дигна гласот, изразувајќи болка и загриженост поради насилствата над христијаните кои живеат неколку километри одделени од нас, на другата страна од Средоземното море и никој не се грижи за нивното страдање – рече кардинал Скола, а пренесува Ватикан Инсајдер.
Во многу држави во светот да веруваш во Исус Христос значи животот да го ставиш на коцка, својот и на своето семјество, значи во очите на граѓаните да бидеш граѓанин од втор ред. Ова прогонство, пожестоко од прогонството на христијаните во апостолското време, треба да нѐ размрда сите нас во Милано, Италија и на Запад, млако веруваме и немаме храброст да го живееме Евангелието – истакна кардиналот.
Ги повикувам сите жени и мажи со добра волја – продолжи кардиналот – постојано да молат заради драматичните услови на овие наши браќа. Навистина секој нека помогне на оние во потреба и нека ги поттикнува институциите да направат што е во нивна моќ за да се стави крај на голготата која веќе долго ја поднесуваат христијаните во Средниот Исток – поттикна кардинал Скола.
Кардиналот со овој апел се придружи на останатите европски епископи. Се јавија и христијаните во Австрија. Христијанските цркви потпишаа заедничка изјава, а во име на католиците потпиша кардинал Шонборн, упатена до Европа во која што обележувањето на христијанските куќи со ознака „неверници“ како и прогоните на христијаните и рушењето на црквите го нарекуваат „напад на врз основите на цивилизацијата, достоинството и човековите и права.“
РВ/Д.И.