Во писмото до претседателите на Бискупските конференции кардинал Сарах ја истакнува потребата за враќање на нормалниот христијански живот, таму каде што дозволува епидемиолошката состојба предизвикана од пандемијата. Следењето на светите Литургии преку медиумите не може да се спореди со личното учество во црквата.
Итно е потребно враќање во нормалност на христијанскиот живот, со лична, физичка присутност на светите Литургии, таму каде што тоа е возможно; ниту еден пренос не може да се спореди со личното учество, ниту пак може да го земени – истакнува кардинал Сарах, префект на Конгрегацијата за Свети Тајни и богослужби во писмо за славењето на Литургиите за време и после пандемијата од болеста Ковид – 19, кое носи наслов: „Со радост да се вратиме на Евхаристијата“. Текстот упатен до претседателите на Бискупските конференции папата Фрањо го одобри на 3 септември.
Пандемијата со новиот коронавирус внесе немир и тоа не само во општествената и семејната динамика, туку и во животот на христијанските заедници, вклучувајќи ја и литургиската димензија. Додека паганите граделе храмови посветени само на едно божество, до кои народот немал пристап, христијаните, откако постигнаа слобода за богослужење, веднаш изградиле места кои биле ‘domus Dei et domus ecclesiae’ –„Божји дом и домашна црква“ – во кои верниицте можеле да се претстават како Божја заедница. Заради тоа домот Господов претпоставува присутност на семејството на Божјите деца – истакнува кардинал Сарах во своето писмо.
Христијанската заедница никогаш не се стремела кон раздвојување и никогаш од црквата не создавала град со затворени врати. Воспитани за вредноста на животот во заедницата и барањето на заедничкото добро, христијаните секогаш се стремеле за вклучување во општеството. И во кризата со пандемијата се покажа големо чувство на одговорност во слушање и соработка со граѓанските власти и со стручњаците. Бискупите беа подготвени да донесат тешки и жални одлуки, па дури и со долго одложување на верниците за учество на евхаристиските славења.
Меѓутоа штом дозволат уловите потребно е итно враќање на нормален христијански живот кој ја има градбата црква како дом и славење на литургија, посебно на Евхаристијата, како врв кон кој се стреми дејствувањето на Црквата и изворот од каде истекува целата нејзина сила – напоменува кардинал Сарах.
Кардиналот понатаму посочи дека, иако средствата за комуникација вршат вредна услуга за болните и оние кои не можат да одат на црква и обезбедија важна услуга со пренесување на света Литургија во време кога не беше можно да се слави во заедницата сепак ниту еден пренос не може да се спореди со личното учество, а и не може да го замени – истакна кардиналот и додаде: Покрај тоа, овие преноси можат да нè оддалечат од лична и интимна средба со овоплотениот Бог, кој вистински ни се предаде, а не виртуелно, велејќи: „ Кој јаде од Моето тело и пие од Мојата крв, ќе биде во Мене и Јас во него“(Иван 6, 56).
Овој физички контакт со Господ е од животно значење, многу потребен, незаменлив. Веднаш штом ќе се утврдат и усвојат потребните проверени услови со цел што е можно минимално да се намали можоста за заразата од вирусот, потребно е сите повторно да со го заземат своето место во заедницата на верници, охрабрувајќи ги оние кои се обесхрабрени, исплашени, оние кои се предолго отсутни или вознемирени.
Во своето писмо, кардиналот Сара го охрабрува учеството на верниците на богослужбите, но без импровизирано обредно експериментирање и со целосно почитувањето на одредбите содржани во литургиските книги што го регулираат нивното одржување, и овозможувајќи им го на верниците правото на примање на Телото Христово и да го обожаваат Господ присутен во Евхаристијата, на предвидените начини, без ограничувања што одат дури и подалеку од пропишаните хигиенски правила утврдени од јавни власти или бискупи.
За да не се направи грешка, послушноста е сигурен принцип. Почитување на уредбите на Црквата, послушност на епископите. Во тешки времиња како што се војни и пандемии, бискупите и Бискупските конференции можат да издадат привремени правила што треба да се почитуваат. Послушноста го чува богатството доверено на Црквата. Валидноста на посебните мерки утврдени од бискупите и Бискупските конференции истекуваат кога ситуацијата ќе се врати во нормална состојба – рече кардинал Сарах.
Ватикан њуз/к.мк