Кардинал Пуљиќ го прослави својот 25 годишен јубилеј од хиротонијата
Неговото Преосвештенство монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија на 19 јануари 2016 година присуствуваше на свечена Миса во Катедралната црква „Пресвето Срце Исусово“ во Сараево по повод 25 годишнината од бискупската хиртонија и устоличување за надбискуп митрополит врхобосански на кардинал Винко Пуљиќ. Светата Миса ја предводеше кардиналот Пуљиќ во заедништво со апостолскиот нунциј во Босна и Херцеговина монс. Луиџи Пецути, кардинал Јосип Божаниќ, како и голем број бискупи и свештеници, роднини и пријатели на кардиналот.
Бискупот Стојанов честитајќи му го јубилејот на кардинал Пуљиќ ги пренесе поздравите и молитвите на верниците од Македонија.
Во пригодната проповед кардинал Божаниќ истакна дека ова славење и честитките на присутните надбискупи и бискупи, провинцијали и провинцијалки, свештеници, монаси и монахињи, богослови и семинаристи, монашки кандидати и верници, кои како што истакна со кардиналот Пуљиќ, „Господ ги поврза преку средби, молитви, пријателство и повик“, опфаќајки ги сите луѓе до кои допираше Божјата присутност преку неговите, молитви, погледи, чекори, чувствата и по неговата човечност.
По светата Миса заедништвото продолжи во Свештеничкиот дом на Врхобосанската надбискупија.
На 6 јануари 1991 година во Рим кардинал Винко Пуљиќ е хиротонисан за надбискуп врхобосански, а неговото устоличување беше на 19 јануари 1991 година во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Сараево.
к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
За авторот
Слични написи

Најава: Владиката Стојанов за празникот Успение на Пресвета Богородица ќе служи во Струмица и Нова Маала
