Кардинал Пел: „Ние не сме кабинет“

Сиднеј, 25.4.2013 /к.мк/ – Како што е веќе објавено, осум кардинали ќе го советуваат Папата, а нивната работа започнува веќе во октомври. Еден од овие кардинали, Австралиецот Георги Пел, веќе имаше прва средба со папата Фрањо. Го прашавме архиепископот на Сиднеј, како тој ја замислува работата во новиот гремиум.

„Можам за почеток да ви го кажам она што ние не сме. Ние не сме кабинет. Папата во никој случај не ни е одговорен. Ние не сме група, која прави политика; не сме извршна власт. Ние сме само советници на Светиот Отец. Како тоа ќе функционира, сè уште не сум сигурен: Можно е тој на нашите средби да понуди одредени теми за кои ние претходно ќе имаме нешто подготвено, а потоа да разговараме за тоа. Или пак би било можно да каже: имаме денеска пола ден на располагање, кажете ми за што би требало да разговараме. Но во секој случај е многу важно да го земеме во обѕир она што го посакува наследникот на свети Петар: папата е епископот на Рим. Тој одлучува – ние сме само тука да помогнеме таму каде што можеме да бидеме од корист. Ние не сме за ништо друго освен за тоа.“

Овие осум кардинали би требало пред сè да се занимаваат со реорганизација на Римската курија; меѓу нив се наоѓа и минхенскиот архиепископ Рајнхард Маркс. Што би можел австралискиот архиепископ Пел да допринесе во разговорите?

„Мислам дека ние кои зборуваме англиски сме прилично посклони на практично делување, можеме да ги организираме работите. Мислам дека поседуваме одредени дарови кои можеме да ги понудиме на Црквата во светот; но ние немаме многу мистичари; или на пример во поранешната протестантск,а а сега секуларизирана Австралија или пак во САД духот на свети Фрањо Асишки не е силен. За што ќе зборуваме со Папата? Мислам дека ќе зборуваме за главните предизвици: Како им ја предаваме верата на младите луѓе? За времето на Исус тој правеше чуда и со тоа будеше заинтересираност – што можеме да направиме, што имаме да понудиме?“ (о.т)

 

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<