Кардинал Паролин ќе ја предводи ватиканската делегацијата во Глазгов

Кардинал Паролин ќе ја предводи ватиканската делегацијата во Глазгов

Канцеларијата за печат на Светиот Престол на 8 октомври 2021 година објави дека делегацијата на Светиот Престол на климатската конференција на ОН COP26 во ноември во Глазгов, Шкотска, ќе ја предводи државниот секретар на Папата, кардиналот Пиетро Паролин.

Во соопштението од Канцеларијата за печат не се наведени детали, а сѐ уште не е познато дали папата Фрањо ќе отпатува за Глазгов, како што најавија шкотските бискупи.

Папата на почетокот на октомври на средбата „Вера и наука. Кон конференцијтаа COP26″ во Ватикан повика научници, експерти и верски лидери и потпишаа заеднички апел, кои учесниците го предадоа на домаќинот на конференцијата Британецот Алок Шарм и италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Маиу, претседавач на групата Г20.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот