Кардинал Паролин: Папата ќе интервенира секогаш кога е загрозен мирот

Папата „секој пат ќе делува со зборови, кога ќе биде загрозен мирот“, рече државниот секретар на Светата Столица, кардинал Пјетро Паролин во интервју објавено во книгата „Папите на мирот“, посветени на двајцата нови свети папи, а кое делумно е пренесено во весникот „Л’Осерваторе Романо“

Кардинал Паролин вели дека папата Фрањо ќе интервенира и покрај можноста некој да ги инструментализира неговите зборови, „најповеќе за да укаже на причините за насилствата и војните. Тоа ќе го прави сведочејќи со мирољубовост и со својата евентуална присутност на местата каде има судири, па макар била и импровизирана,“ рече Паролин.

Кардиналот напомена дека папата Фрањо го следи своето сопствено чувство, па и на оваа поле ќе изнајде најделотворни гести, можеби и изненадувачки за да ја покаже својата присутност и настојување за остварување на мирот.“

Потоа зборуваше за патувањето на Папата во Светата Земја во месец мај. Според кардинал Паролин „секој Папа кој доаѓа во Светата земја, тоа го прави како „поклоник на мирот“ и поинаку не може да биде. Секако, ќе биде протолкувано и во политички рамки и некои ќе сакаат да го искористат за своја корист. Но и покрај претпазливоста, не треба да се плаши дека знакот на мир ќе биде прочитан на крив начин. Не се кажува ништо ново кога се истакнува дека бескрајните судири во Светат Земја создава ситуација на постојана нестабилност, не само во тој регион и стана симбол за неспособност за остварувње на вистински мир.

Ако патувањето на Папата барем малку би придонело за изградба на мирот, веќе вреди да се отиде во тој измачен крај. Ерусалим значи „град на мирот“. За жал идгледа дека стана симбол за судири и војни без крај“ , забележи кардиналот.

Од таа перспектива „ОН е заслужна организација и без обѕир на ограниченоста, подобро е да постои, отколку воопшто да ја нема“. Но Паролин заклучува „На ОН им е потребна обнова, која многумина ја посакуваат, но не е лесно остварлива. Светот е променет од кога е формирана ООН, при крајот на Втората светска војна. Не е лесно да и се даде конкретна моќ за да се одржи мирот (а тоа е нејзината основна мисија!), без таа моќ да е токму во рацете на некои држави. Вистинска и силна ООН – но демократска, би била благослов за сите“.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот