Кардинал Паролин: Изборите се решение за Венецуела

Кардинал Паролин: Изборите се решение за Венецуела

Ситуацијата во Венецуала станува драматична и тоа поради протестите против претседателот Мадуро и економската криза, од која голем број луѓе страдаат од глад, а поради недостаток на лекови скратено им е и лекувањето. На маргините на еден собир одржан на 18 мај во Рим, на кој учествуваше и кардинал Пиетро Паролин, новинарите го прашаа Папскиот државен секретар дали е возможно Светиот Престол да посредува при што тој истакна:

„Се надеваме дека таа можност секогаш постои“ – рече кардиналот и во случај да се покаже можност, тоа би значело дека ситуацијата во одредена смисла е подобра. Не можеме поради тоа да изразиме надеж дека ќе се случи такво нешто, бидејќи она што се случува е навистина многу драматично, а може да биде и уште полошо. Меѓутоа веќе и реков, а сега тоа и го повторувам, мислам дека сега вистинско решение се избори; треба да се даде на народот можност да го избере тоа што го сака, на народот треба да му се врати сувереноста и да му се дозволи да ја одредува својата денешница и својата иднина – истакна кардинал Паролин.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот