Кардинал Пиетро Паролин ќе го посети Камерун од 28 јануари до 3 февруари 2021 година. Програмата вклучува, меѓу другото, состанок со владини претставници, света Литургија во катедралата во Баменда со доделување палиум на надбискупот Фуања и посета на бискупското здружение „Фојер де ел Есперанс“ (Дом на надеж) во Јаунде.
Државниот секретар на Светиот Престол, кардинал Пиетро Паролин, ќе престојува во Камерун од, 28 јануари до 3 февруари, заедно со монсињор Иван Сантус, службеник во државниот оддел за односи со државите. Ова патување сака уште еднаш, во контекст на моменталната хуманитарна криза предизвикана од пандемијата со коронавирусот, да го покаже вниманието на Црквата и Светиот Отец кон африканскиот континент, земја богата со човештво, но обележана со големи страдања.
Покрај тоа, патувањето има за цел да биде конкретен знак на заедничко, солидарно и активно ангажирање за заштита и унапредување на достоинството и благосостојбата на сите и подготвеност за сочувство, помирување и зацелување, почитување и прифаќање, на што повика папата Фрањо во неговата порака за 54. Светски ден на мирот, одбележан на 1 јануари 2021 година, на тема „Културата на грижа како пат кон мирот“.
Предвидени се средби со владини претставници, а меѓу црковните настани ќе ја споменеме и светата Литургија која кардиналот ќе ја слави во катедралата во Баменда и ќе му предаде палиум на надбискупот, монсињор Ендру Нки Фуања. Покрај тоа, ќе го посети Фојер де ел’сперанс (Куќа на надеж) во Јаунде. Тој центар е основан пред 40 години од Исусовецот Ив Лескан, кој е посветен на деца од улица и млади затвореници.
Ватикан њуз/к.мк