Директорот на Канцеларијата за печат при Светиот Престол, Матео Бруни, објави дека државниот секретар на Светиот Престол, кардинал Пиетро Паролин е примен во болница во вторник 8 декември поради операција на простата.
Кардиналот Паролин е примен во поликлиниката Џемели „заради закажана операција поради хипертрофија на простатата“, рече Бруни.
Тој додаде дека кардинал Паролин се очекува „да ја напушти болницата за неколку дена и полека да се врати на работните обврски“.
Ватикан њуз/к.мк