Во синодскиот процес на универзалната црквата, кардинал Курт Кох сака блиска размена со „екуменските партнери“. За повеќе да се практикува синодалноста, поучни искуства посебно може да донесе католичко-православниот дијалог.
Кардиналот Курт Кох претседател на Папскиот совет за промовирање на единство на христијаните, повика во синодскиот процес кој го покрена Папата да се вклучат и „екуменските партнери“. Теолошките и пасторалните напори повеќе да се живееат во синодална Црква имаат длабоки ефекти на екуменизмот, рече Кох за католичкиот весник Die Tagespost. Кох објасни: „Основно начело на екуменскиот дијалог е размена на даровите во кои можеме да ги учиме од другите христијански Цркви со уверувањето дека посебните дарови на Духот Свети не се даваат само на некои Цркви, туку и на целото христијанство.“ (…)
Кох се надева дека преку започнатиот процес, верниците повторно ќе откријат дека „самиот Бог во крштението ги повика да бидат членови на Црквата, и дека сите заради крштението ќе ја увидат својата мисија за пренесување на верата, а со тоа и автентичната Цкрва, а не општествата или црквите со ограничена одговорност.“ Но, можеме да го пренесеме само она што сме го примиле и што го сметаме за важно, вели Кох. Затоа се надева „дека сите оние кои учествуваат во Синодскиот процес повторно ќе ја откријат убавината на верата и ќе стекнат нова радост во верата и радост што можат да припаѓаат на Црквата на Исус Христос.“
„Сите крстени луѓе имаат прилика да му соопштат на својот свештеник и Црквата она што по совест се уверени дека Духот денес сака да и го соопшти на Црквата“, рече неодамна во интервју за Ватикан њуз кардиналот Марио Греч, главен секретар на синодата. „Ова не е повик само за членовите на Католичката Црква, туку за сите крстени затоа што ова патување има и екуменска димензија“, истакна тој. (…)
Ватикан њуз/к.мк